-->

четврток, 7 мај 2009

Бостон и ЛА Лејкерс изедначија на 1:1

Кошаркарите на актуелниот шампион Бостон со победата од 112:94 против Орландо го изедначија резултатот на 1:1 во победи. Најзаслужен за триумфот беше плејмејкерот Рондо кој имаше „трипл дабл“ учинок - 18 асистенции, 15 поени и 11 скокови.

Во вториот синоќешен натпревар ланскиот финалист Лос Анџелес Лејкерс со 111:98 го совлада Хјустон. Коби Брајант натпреварот го заврши со 40 поени.

Следните два натпревара се играат на теренот на Орландо односно Хјустон.

Рејтинзи на играчи: Chelsea 1-1 Barcelona



Chelsea:

Cech 6.0 Совладан од едиствениот шут кон неговиот гол. Несреќен во тој смисол, но сепак игра која не е на негово ниво.

Bosingwa 7.0 Невообичаен пристап кон дефанзивните обврски и неколку недозволени корнери за Дани Алвез. Напаѓачки беше многу лимитиран, заради тактиката на тимот, но и премногу придонес од Иниеста во играта на Барса по левата страна

Terry 8.0 Маршал во одбраната. Голем дел од играта на Барселона одеше по средината, каде беше тој, секогаш на место и на време, со блокади и одземени топки

Alex 7.5 Слична улога и придонес во средината на одбраната како Тери

A Cole 6.5 Значаен дел од одбраната на Челзи. Знаеше да истрча и во напад и учествуваше во акцијата за голот на Есијен.

Essien 6.0 Фудбалерот кој го реши мечот. Постигна фантастичен погодок, кој може да му конкурира и на оној на Зидан пд 2002-ра, но лоша реакција пред постигнувањето на голот на Иниеста, Требаше да биде клучна компонента во однраната на Челзи на средината, но слабата негова игра во последниот дел од натпреварот го чинеше Челзи финале

Ballack 7.0 Солиден и рационален во додавањето, но и со многу одземени топки. Загуби нерви по еден недосуден пенал, но исибено по изедначувањето

Lampard 7.5 Го наместо голот на Есијен. Стандардно добар, во игра во која тој и не можеше да дојде до израз

Malouda 8.0 Најдобар фудбалер на Челзи вчера. Единствено тој вистински играше фудбал, го примора Алвеш да се брани како никогаш досега и да нема слобода во нападот.

Anelka 6.5 Одговорен за еден од сомнителните пенали, без вистинска шанса.

Drogba 6.5 Промаши шанса за финале. Силен како секогаш, но без вистинскиот ефект


Замени
Belletti

Barcelona:

Valdes 7.0 Имаше многу одбрани и многу додавања кога Барселона требаше на крајот да игра брзо

Alves 6.5 Многу малку придонес од Алвес. Помалку во напад до вообичаеното и неколку слаби центаршутеви

Pique 8.0 Добар натпреват за Пике. Целосно го задржа Анелка и делумно Дрогба, иако не е на негов грб шансата на Дрогба за 2:0. Напаѓачите на Челзи имаа многу шанси заради отворената игра на Барселона, не заради дефанзиците

Toure 8.0 Сосема солиден во новата улога. Ги поделија обврските со Дрогба

Abidal 5.0. Среќан што не беше свирен пенал заради него, но без вистински придонес во играта на Барселона. Најслаб поединец кај гостите, слично како и во мечот со Реал Мадрид

Busquets 6.0 Подобар во второто отколку во првото полувреме, но без вистинска поддршка за навивачите

Xavi 6.5 Често ја имаше топката, имаше неколку добри додавања, но никако за чиста шанса. Не беше тој слаб колку што беше густо на 20-25 метри од голот на Челзи

Keita 5.5 Слично како Бускетс, без вистински придонес. Немаше многу игра за Челзи која тој требаше да ја сопре. Креативност секако недостига

Iniesta 7.5 Неговото темпо напредуваше со текот на натправарот. Никогаш не се предаваше и секогаш одеше на остварување на човек повеќе. Ја покажа својата техника и стрпливост. И донесе финале на Барса

Messi 5.5 Премногу лимитиран, исфрлен далеку од шеснаесетникот. Многу мал придонес во играта на својот тим

Eto'o 5.0 Како да не играше. Без шут во рамки на гол, премнопгу на лево во првото полувреме, немаше ниту дриблинзи таму, оставајќи го својот тим без централен напаѓач

понеделник, 4 мај 2009

Видео: Дебакл на Реал во Класико


Во најголемото шпанско дерби Барселона го понижи Реал среде Мадрид со неверојатни 2:6.

Реал добро го отвори Класикото, особено Арјен Робен кој како молња поминуваше по десната страна. Токму така и падна првиот гол во 14 минута. Холанѓанецот го проигра Рамос кој нафрли во казнетиот простор на Каталонците, а таму највисок беше Хигуаин за 1:0.

И толку од Реал. Веднаш потоа Барса ја пушти во погон својата машинерија и по четири минути подоцна стигна израмнувањето. Анри и Меси со дупли пас ја исфрлија цела одбрана на Реал, а Французинот одлево пласираше покрај немоќниот Касиљас.

Две минути подоцна гостите заводеа. Чави изведе слободен удар, а највисок во 16-никот беше Пујол и го постигна првиот гол сезонава. Рапсодијата на Барса продолжи. Прво во 24 минута Меси излезе сам пред Касиљас, кој испадна како победник, а три минути подоцна Ето измами нова парада на голманот на Реал.


Во 29 минута Иниеста и Меси со врвна малофудбалска акција ги изиграа противниците, но Касиљас повторно го спаси својот клуб. Во 33 минута Меси се обиде да го лобува Касиљас кој повторно одбрани, но три минути подоцна веќе беше 3:1. Диара кардинално погреши, топката дојде до Меси кој ритунски пласираше во противничкиот гол.



Во второто полувреме Реал најави дека може да се врати. Во 56 минута Робен нафрли од слободен удар, а во петерецот Серхио Рамос непречено стрелаше со глава за 2:3. И кога се чинеше дека Мадриѓаните ќе смогнат сили да се вратат, Барса покажа дека моментално е за класа подобра од Реал.


Само две минути по голот на Рамос, Анри избегна офсајд и го совлада истрчаниот Касиљас. Французинот потоа ја напушти играта, а наместо него влезе Кеита. Но, и тоа не значеше крај на нападите.


Како натпреварот привршуваше, фудбалерите на Реал паднаа во очај, што гостите го искористија за целосен дебакл. Прво Меси во 75 минута го постигна својот втор гол, откако со Чави ја изиграа целата противничка одбрана, а голеадата на Сантјаго Бернабе ја заклучи Пике во 84 минута, постигнувајќи го историскиот 100 гол на Барса сезонава.



среда, 29 април 2009

Крај на сезоната за Маркез


Такви се првичните информации кои ги соопшти медицинскиот тим на Барселона...

Маркез беше изнесен на наосилка во 50-та минута и според медицинскиот тим на Барселона тоа ќе биде крај на сезоната за Мексиканецот.

Рафа Маркез пoвлече една акција, изгледа лошо згазна, се фати за левата нога и остана на теренот. Најверојатно се работи за скинат надворешен менискус на левата нога. Подетално ќе се знае се во утрешниот ден, кога и ќе бидат направени сите потребни снимки.

Ова се многу лоши вести за Пеп Гвардиола, ако се знае дека на реваншот против Челзи нема да игра Пујол поради жолти картони. Така, во дефанзивата ќе мора да стартува со Касерес и Пике, двајца млади дефанзивци.